Упатство за гласање на изборите

од Марта Пешевска
120 прегледи

За шестите претседателски избори и предвремените локални избори во Охрид и Ново Село што се одржуваат денеска, избирачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право. Избирачот добива едно гласачко ливче за избор на претседател, а во двете општини и едно ливче само за избор на градоначалник, со оглед дека советите се конституирани на редовните локални избори.