Уплаќал ливче во обложувалница, наместо да седи дома во изолација

од Nikola Popovski
398 прегледи

МВР соопшти дека поднела кривична пријава за 19-годишен неготинец, кој вршел уплата во спортска обложувачница иако требало да седи дома оти му била одредена домашна изолација поради коронавирусот.

Според полицијата, кривичната пријава е поднесена поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„На 1.12.2020, по одредената изолација во домашни услови, Ѓ. П. во спортска обложувачница во Неготино извршил уплата со физичко присуство“, стои во полицискиот билтен на МВР.

Слични содржини