Управен ја одби тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Желино

од Nikola Popovski
598 прегледи

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 29.05.2024 година во 23:30 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.95/24, оформен по тужба поднесена од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024, против Решение број УП1 10-33 од 27.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, ја донесе и јавно ја соопшти изреката на одлуката:

-Тужбата на тужителот Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ Предводена од ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА (Движење на народот – ДН, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија ЕДП, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз – БДС) изборна кампања – Парламентарни избори 2024 година, во Изборна единица 1, 2, 3, 4, 5 и 6, поднесена против Решението на Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО, стои во соопштението на Управниот суд.

Тужбата беше по решението на Државната изборна комисија за прегласувањето во Желино, на изборното место 2101 во село Ларце.

Претходно ДИК на седница не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на ова избирачко место, со кое коалицијата предводена од ДУИ загуби еден пратеник во за резултатите од 8-ми мај, додека коалицијата ВЛЕН доби еден пратенички мандат. За да биде целосен составот на парламентот, ДИК треба да го соопшти името од ВЛЕН, кое треба да дојде на пратеничкото место на Биљал Касами, кој пак, до законодавниот дом поднесе оставка.

Слични содржини