Управувал возило со брзина од 71 км/ч на час повеќе од дозволеното, лишен е од слобода

С.А. веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кичево, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Денеска (24.08.2025) во 08:38 на автопатот Тетово-Скопје, кај клучка Групчин, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(29) од Дебар.

При радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „мерцедес“ со брзина од 171 километри на час надвор од населено место, односно 71 километар на час повеќе од дозволеното.

С.А. веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кичево, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.