‘Ураганките’ во изолација: Времето го поминувам со многу слатки

408 прегледи

Евровизијата е откажана поради коронавирусот, а српските претставници, членките на групата Хјурикејн, моментално се наоѓаат во изолација со оглед на тоа дека во Србија е прогласена вонредна состојба.

Пејачките се огласила за емисијата „Премиера- Викенд специјал“ и откриле дека времето го минуваат во удобноста на своите домови, пишува 24sata.hr.

-Своето слободно време го минувам со многу слатко, серии, филмови, се трудам да работа на себе кога имам време за тоа. Се трудам да ги почитувам сите мерки на претпазливост – рекла Ивана Николиќ.

Нејзината колешка Сања Вучиќ откри сега времето го минува со гледање филмови и серии, тренира, свира гитара и чита книги.

-Од се по нешто. Се трудам да ми биде пријатно и забавно… Не е наивна ситуацијата, сите знаеме како е – порачала.

Ксенија Кнежевиќ, пак, вели дека трите се обидуваат да не паничат и да останат нормални.

– Тоа за мене е тешко, бидејќи јас сум главниот паничар во групата. Одлучив да се движам по мојата креативна страна, да цртам, сликам и вежбам пеење – открила Ксенија во емисијата.

Слични содржини