Уривање на дивоградбата кај „Мавровка“ еден од приоритетите на новата влада

од Берта Китинска
619 прегледи

Мандатарот Зоран Заев, при посетата на Македонска Каменица каде се одбележува Денот на рударите во Македонија, изјави дека новата влада во наредните четири години попосветено ќе работи на внатрешните предизвици во земјата.

Toj напомена дека приоритет ќе биде стартот на училишната фодина, отворањето на градинките како и обновување на законите кои беа прекинати во Собранието.

Меѓу другото тој најави дека ќе се работи на отстранување на дивоградбата пред „Мавровка“.

„Една од првите работи на кои ќе работиме е и да падне објектот пред „Мавровка“ затоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, да разработивме идеи и верувам дека ќе ги утврдиме заедно со правните прописи“, изјави Заев.

Слични содржини