449
На ексклузивната забава по Оскарите која ја организираа Бијонсе и Џеј Зи, покрај останатите ѕвезди, повикани беа и Џон Леџенд и неговата сопруга Криси Тајген.
Овој познат пар претходно присуствувал на забавата организирана од Vanity Fair па Криси за оваа забава одлучила да се облече во друг свечен фустан.
Зелениот фустан го заменила со бел, проѕирен фустан. Сепак, освен одличниот изглед, она што ги насмеало сите бил описот под видеото.
„Бијонсе, доколку постои шанса да го читаш ова, знај дека гледам во тебе и молчам бидејќи сум нервозна и навистина се плашам дека ќе кажам нешто глупо. Ти благодарам, те сакаме“, напишала Криси.
Во објавеното видео, Џон ја бакнува Криси во образ, а таа, токму и како што објаснила, гледа во една точка и се смее.