Урош Блажиќ беше прогласен за виновен за убиство на девет и ранување 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона, меѓу Младеновац и Смедерево, во Србија во мај минатата година и беше осуден на 20 години затвор. Истата казна ја доби и неговиот татко Радиша Блажиќ
Урош Блажиќ е прогласен за виновен затоа што на 04.05.2023 година, поточно во 22 часот и 22 минути навечер тргнал по крвав поход кога вооружен влегол во сив автомобил Мерцедес, а потоа продолжил понатаму. Тој незаконски го поседувал оружјето што го користел за кривичното дело. Ги убивал жртвите, а потоа земал туѓо возило, како и патници во такси, ги киднапирал и мачел, а не пропуштил да се заканува со смрт. Пристигнувајќи кај споменикот Равни гај во Мало Орашје кај Смедерево, прво ја испразнил муницијата од автоматската пушка, а додека жртвите стенкале од болка и го молеле обвинетиот повеќе да не пука, тој не застанал, туку го сменил магазинот“, рече судијката Лидија Јовановски, читајќи го образложението, пренесе Нова.рс.
По читањето на пресудата, судијата соопшти дека Блажиќ е осуден на единствена казна од 20 години затвор. Тој доби 20 години за тешко убиство, десет години за недозволено поседување оружје и киднапирање и три години за кражба на возила, што се соедини во максималната казна што може да се изрече, а тоа е 20 години.