358
Охридскиот советник од ДУИ, Нефи Усеини, го проширува бизнисот, иако е во бегство и полицијата не може да го лоцира, пишува Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).
Усеини отворил нова фирма во Битола за производство на градежни материјали. Фирмата Бетон 2020 Н&О ДОО Битола е партнерска заедно со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител.
За Усеини и неговиот брат одредена е мерка притвор од осум дена, но полицијата не може да ги лоцира. Тие се сомничат за кривично дело насилство и недозволено држење на оружје.