Уште 13 граѓани починаа од КОВИД-19, кај 11 биле регистрирани коморбидитети

од Nikola Popovski
333 прегледи

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Црниот биланс покажува по едно починато лице од Прилеп (89г), Кочани (85г), Штип (80г), Охрид (71г), Велес (85г) и Кичево (71г). Сите пријавени лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Скопје (2), Битола (2), Крива Паланка (1), Штип (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 58г. до 84г. Починати се во период од 10.02. до 23.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во болнички услови, а 5 лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (13), кај 11 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.703, бројот на оздравени пациенти е 283.411, на починати е 8.994, а бројот на активни случаи изнесува 4.298.

Слични содржини