Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа починаа 24 лица како последици на коронавирусот.
Од нив, дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г).
Пациентите се починати во болнички услови.