108
Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба, изјави попладнево на прес-конференција заменик министерот за здравство Јовица Андовски.
Моментално во странство се лекуваат 45 повредени.
Во текот на денов треба да пристигне пациент од Солун, кој ќе го продолжи лекувањето на Клиниката за пластична хирургија. На оваа клиника моментално се лекува една пациентка.
Од Ниш утре треба да пристигне во државава еден пациент, кој ќе го продолжи лекувањето во Стара градска, каде двајца се лекуваат таму моментално. Две лица се лекуваат во приватна болница во Скопје.