Уште две осудени лица од затворот во Штип тестирани за Ковид 19

286 прегледи

МИА пренесува дека директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров информирал за тоа дека две осудени лица биле тестирани вчера, и во секој момент се очекуваат резултатите.

Инаку, петмината за кои веќе се знае дека се позитивни на Ковид 19, се во добра состојба и немаат симптоми. Меѓу нив, како што е познато е и екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

„Нашиот лекар секојдневно ги прегледува и им ја дава потребната терапија и е постојано во контакт со инфектолозите од штипскиот Ковид центар“, посочи Тодоров.

Троца вработени во оваа казнено-поправна институции исто така се позитивни на коронавириусот, а досега болеста ја поминале 15 вработени.

Тодоров вели дека деновиве го доставиле и списокот на вработени, кои сакаат да се имунизираат, околу 60 проценти од вработените пројавиле интерес.

Во штипскиот ковид центар во изминатите 24 часа починаа четворица пациенти, двајца од Штип и по еден од Берово и Виница на возраст од 64 до 74 години. Хоспитализирани се вкупно 75, а 47 се на постојанат кислородна поддршка.

Слични содржини