Богданци се приклучи на листата на градови каде нема заразени лица со ковид 19.
Според податоците на министерството за здравство во моментов нема ниту еден активен случај во : Демир Капија, Пехчево , Дојран и Пробиштип. Бројот на активни случаи значително е намалени и во главниот град кад вчера имаше 395, а денеска се регистрирани 299 заразени лица.
Како што предходно информиравме, Комисијата за заразни блести од 15-ти јуни ќе предложи полцискиот час да почнува од 01-04 часот .
Министерот за здравство Венко Филипче, пред неколку дена рече дека доколку вирусот остане со намалена преносливост можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки.
– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки – рече Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.