Уште еден симптом за кој се верува дека е поврзан со коронавирусот

од Elena Daskalova

Аносмијата е појава на изненадно губење на чувството за мирис, но без затнување на носот. Неколку луѓе кои се болни од ковид-19 го дале овој симптом како податок за клиничката слика, изјави претставник на француското министерство за здравство, Жером Саломон.

Овој симптом е многу редок и се појавува кај луѓето со блага клиничка слика на ковид-19, но сепак, француската асоцијација на оториноларинголози препорачува да се обрне внимание и на оваа појава.

Сепак, тие предупредуваат дека не секој заразен ќе го почувствува овој симптом. Но, ако случајно го почувствувате, тогаш треба да се изолирате и да пријавите дека имате симптоми.

Слични содржини