Уште еден случај на семејно насилство – пијан татко ја нападнал малолетната ќерка

Инцидент во Сарај, синот успеал да ги раздели

од Nikola Popovski
43 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител

Уште еден инцидент поврзан со семејно насилство во Македонија. Како што објави МВР, на 05.03.2026 во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај.

Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги радели.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.