Уште еден смртен случај од грип

од Nikola Popovski
225 прегледи

Во текот на шеста недела од 2024 година, од 05 до 11 февруари, во Македонија се пријавени 1.875 случаи на групни пријави за заболени од грип- заболувања слични на грип или 13,4 отско повеќе во споредба со претходната недела објави Институтот за јавно здравје

Од заразените 1139 се лица на возраст од 15-64 години, 424 се деца на возраст од 5-14 години, 147 – деца на возраст до четири години и 165 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 332, Скопје – 209, Битола – 180, Струмица – 179, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150.

“Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип кај лице на возраст од 65 години кое боледувало од кардиоваскуларни и белодобрни заболувања и кое не било вакцинирано со вакцина против грип“ се вели во извештајот на ИЗЈ

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 10.537, во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,7 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 0,4 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип, четири од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, пет од возрасната група на лица 15-64 години и четири од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип.

Слични содржини