Уште еден здравствен работник почина од последици на Ковид-19

од Vladimir Zorba

На Инфективната клиника во Скопје како последица од Ковид-19 почина д-р Билјана Ичева, вработена во Негорските минерални Бањи кај Гевгелија.

Ичева, родена 1959 година, беше специјалист физиотерапевт, мајка на две деца.

Семејната болка за загубата е дотолку поголема што и нејзиниот сопруг, д-р Божин Ичев, инаку рендгенолог вработен во Општа Болница Гевгелија, е позитивен на Ковид-19 и се’ уште е на клиничко лекување на Инфективна клиника во Скопје, информира „Гевгелија нет“.

Слични содржини