Уште една измама со лажна сообраќајка – „олеснета“ 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра

82-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 4.000 евра

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Царинска управа

На 15.10.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од 4.000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да не одговара кривично.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини