Уште една измама со лажна сообраќајка – велешанка „олеснета“ за 10.000 евра

76-годишна жена од Велес пријавила дека била измамена

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Принтскрин

На 03.09.2025 во 18:20 часот во СВР Велес, 76-годишна жена од Велес пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, лицето и се јавило на фиксен телефон, се претставило како полициски инспектор и ѝ кажало дека нејзината ќерка со сопругот направиле сообраќајна несреќа и притоа прегазиле мало дете и дека треба да плати за да не бидат пријавени во полиција.

Според пријавеното, откако се договориле, ги однела на договореното место, а откако ја слушнала ќерка си сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини