Plus-size блогерката Јасмин Грајмс ги повика жените да се гордеат со несовршеностите на своето тело и вишокот килограми.
Американката која живее во Сан Франциско, стана уште жена во битка за борба со слабите во социјалните мрежи.
Во Instagram Грајмс објави фотографија на која е по долна облека и ги повика своите следбеници да го сторат истото без да се срамат од својот изглед, пишува Metro.
“Има нешто магично во полните девојки кои без грижа ќе ги покажат своите форми во облека кои многумина би сметале дека се несоодветни. Тоа ги инспирира луѓето околу нив и тие да се сликаат на овој начин “, пишува Јасмин.
Исто така таа смета дека дебелите луѓе треба да се сликаат што е можно почесто, за да се промени односот на општеството кон нив.
Бранот од полни жени кои се фалат со своето тело не е од неодамна. Меѓу најгласните негови провокатори е моделот Ешли Греам.