Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие повторно го сврте вниманието на јавноста овојпат обвинувајќи ги српските мајки дека прават чедоморство.

„Тие во своите утроби убиваат за една година повеќе деца отколку што убија Мусолини, Хитлер и Броз и овие кои се овде на Косово и Метохија. А сакате како народ да имаме Божји благослов“, рече митрополитот при служење литургија во Пеќката патријаршија.
Да потсетиме, Основното државно обвинителство во Подгорица реформира предмет во случај на кривична пријава на Црногорското движење против Амфилохие поради говор на омраза, односно повреда на углед на народ и предизвикување омраза.