Уште една трагедија ја потресе државата: Дете падна од балкон и почина!

МВР информира дека денеска во 09:25 часот во Тетовската полиција било пријавено дека во Клиничка болница-Тетово било донесено починато 10 годишно момче од Тетово

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

МВР информира дека денеска во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница-Тетово било донесено починато 10 годишно момче од Тетово.

Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница.

Според првичните информации, детето паднало од значителна висина, а повредите биле фатални. Медицинските екипи веднаш пристигнале на местото на настанот, но успеале само да констатираат смрт.

Полицијата и обвинителството се на терен за да спроведат истраги и да ги разјаснат сите околности за тоа како се случила оваа фатална несреќа.