408
Полицијата информира дека вчера (22.06) во 18.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, Радовишко, на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(30) и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од С.Т.(28), двајцата од село Ораовица.
Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш, се појаснува во соопштението.
Увид извршиле јавен обвинител од радовишкото Основно јавно обвинителство и екипа од Полициска станица Радовиш.