По mRNA вакцините од „Фајзер“ и „Модерна“, американските регулатори минатата недела одобрија употреба на аденовирусна вакцина на компанијата „Џонсон и Џонсон“. Се очекува наскоро да се користи во Европа, по одобрувањето од Европската агенција за лекови. Се дава во единечна доза, а резултатите покажаа дека е 85 отсто ефикасна во спречување на потешки форми на болеста.
Ефикасноста падна на 66 отсто кога малку поумерени случаи беа вклучени во резултатите.
Ова може да изгледа разочарувачки кога ќе ги погледнете резултатите од ефикасноста на вакцината на „Фајзер“, „Модерна“ или аденовирусната „Спутник V“, кои имаа ефект над 90 отсто. Меѓутоа, експертите велат дека споредувањето на стапките на ефикасност помеѓу различните испитувања на вакцините спроведени во различно време може да доведе до заблуда.
Токму поради тоа епидемиолозите посочуваат дека би ја примиле првата вакцина што им е достапна, а за некои луѓе токму вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да биде идеална.
Млади, здрави луѓе и оние кои не можат да си дозволат да земат втора доза, веројатно ќе ја претпочитаат оваа вакцина, а може да им се допадне и на оние кои не ја поднесуваат реакцијата на организмот на вакцинацијата добро. Покрај тоа, мора да се земе предвид дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е тестирана на врвот на пандемијата, што можеби влијаело на бројките во испитувањето.
Иако можеби нема да ја елиминира болеста, оваа вакцина ќе ги спречи најлошите исходи на ковид- хоспитализација и смрт. Покрај тоа, таа е ефтина за производство, лесна за аплицирање и обезбедува добра заштита за само неколку недели, без потреба од втора доза.
Biden to announce that pharmaceutical giant Merck will help make Johnson & Johnson coronavirus vaccine in pact between competitors https://t.co/zAn5QMzELj
— The Washington Post (@washingtonpost) March 2, 2021