Уште една земја го забрани прикажувањето на „Барби“

од Nikola Popovski
304 прегледи

Кувајтските власти го забранија прикажувањето на филмот „Барби“ со цел да се заштитат „јавната етика и општествените традиции“, објавија локалните медиуми.

Портпаролот на кувајтското Министерство за информации соопштило дека филмот „промовира идеи и верувања кои не се прилагодни за кувајтското општество“, објави „KUNA“, пренесува Ројтерс.

Одлуката на Кувајт беше донесена откако либанскиот министер за култура го забрани прикажувањето на филмот „Барби“ во кината во неговата земја, нагласувајќи дека промовира хомосексуалност и сексуална трансформација и е против религиозните вредности.

Министерот Мохамед Мортада е поддржан од моќната шиитска вооружена група Хезболах, чиј шеф Саид Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ заедницата, тврдејќи дека таа претставува непосредна опасност за Либан.

Тој побара од либанското Министерство за внатрешни работи да ги преземе неопходните мерки за да се спречи прикажувањето на филмот.

Слични содржини