Уште една земја планира да ги конфискува автомобилите на тешките прекршители во сообраќајот

од Vladimir Zorba

Шефот на норвешката полиција сака да се однесува како Данците од соседството и да го конфискува автомобилот на секој Норвежанец кој ќе направи сериозен сообраќаен прекршок.

„Ја разгледуваме данската легислатива“, изјави началникот на полицијата за итни случаи Кнут Смедсруд за норвешка НРК, откако неколку возачи ги загубија возачките дозволи поради пребрзо возење.

Да потсетиме, во Данска пред две години парламентот ги заостри казните, а полицијата тогаш доби можност да одзема и да продава на аукција возила кои, меѓу другото, беа одземени и поради пребрзо возење. Данското Министерство за правда во март објави дека за две години од заострувањето на законот запленети се речиси 2.000 возила, пишува „ХАК“.

Ова се критериумите за одземање возило во данскиот закон: кога брзината надминува 200 км/ч, кога брзината е најмалку 100 км/ч и истовремено најмалку двојно поголема од дозволената брзина, возење во пијана состојба со повеќе од 2 промили, убиство од небрежност под крајно отежнати околности, кога возачот покажува особено несовесно однесување, кога возачот намерно предизвикува опасност по нечиј живот или здравје и кога возачот предизвикува значителни повреди на другите учесници во сообраќајот под особено тешки околности.

Се чини дека Норвежаните се следните…

Слични содржини