305
По Кристофер Хивју, кој во „Игра на тронови“ го игра Тортмунд џиноубиецот, уште една ѕвезда од серијалот откри дека е заразена со коронавирус.
Се работи за 46-годишната Индира Варма чиј тест за ковид-19 е позитивен. Таа изминатиов период имала заеднички проби со Емилија Кларк, а од минатата недела се одложени сите работи за театарската претстава на која заедно работеле.
„Во кревет сум, заразена со коронавирус и воопшто не ми е пријатно. Останете безбедни и бидете добри кон своите блиски“, напишала таа во својата објава.