Македонија влезе во уште еден изборен циклус со хаотичен избирачки список. Гласачи фигурираат на непостоечки адреси, одамна починати се се уште на списокот, а има и вистински фантоми, со двојни и повеќекратни идентитети.
Државната изборна комисија, според закон, ги има сите надлежности околу списокот, но де факто нема контрола врз податоците за гласачите.
Од прилогот на „360 степени“ погледнете во каква состојба е списокот и колкав е потенцијалот за злоупотреби.