Уште едно апсење за падот на натстрешницата во Нови Сад: Лисици на рацете на поранешниот министер Томислав Момировиќ

Момировиќ останува запаметен по серија гафови, од кои најмногу ќе биде запаметена неговата реченица за двете јајца за 22 динари коишто луѓето може да ги држат сити цел ден.

од desk2
48 прегледи Фотографија: Инстаграм профил на Томислав Момировиќ

Поранешниот српски министер Томислав Момировиќ е уапсен во акција на полицијата и Јавното обвинителство за организиран криминал, јави српската телевизија „Нова“.

Од рано утрово во Србија се спроведува акција на апсења од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈООК). Постапките се поврзани со истрагата за падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови САД на 1 ноември минатата година. Претпладнево вкупно 14 лица биле уапсени.

ЈООК на Србија води финансиска истрага за проектот за реконструкцијата на железничката станица. Засега нема детали до каде е таа истрага.

Томислав Момировиќ бил министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура во времето кога се вршеле реконструкциските работи на новосадската железничка станица (2020-2022).

Како што известува „Нова“, Момировиќ останува запаметен по серија гафови, од кои најмногу ќе биде запаметена неговата реченица за двете јајца за 22 динари коишто луѓето може да ги држат сити цел ден.

Момировиќ, кој беше и министер за внатрешна и надворешна трговија (2022-2024) е наследник на империјата „Мона“, и тој и неговото семејство „тежат“, 87,13 милиони евра само во недвижности.