Уште едно лице приведено по нападот со бомба врз домот на Здравко Чолиќ

Српската полиција приведе уште едно лице во рамки на истрагата за нападот врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград, потврдија тамошните медиуми.

од desk4
12 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Блиц ТВ

Српската полиција приведе уште едно лице во рамки на истрагата за нападот врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград, потврдија тамошните медиуми.

Станува збор за 23-годишниот М.А., кој е осомничен дека му помагал на С.М., лицето уапсено еден ден претходно и посочено како директен извршител на нападот. Двајцата се товарат за вмешаност во фрлањето експлозивна направа врз куќата на Чолиќ.

Инцидентот се случи во вторникот наутро, кога бомба беше фрлена врз семејниот дом на пејачот во белградската населба Дедиње. Во нападот, за среќа, немало повредени, но е причинета значителна материјална штета.

Истрагата продолжува, а полицијата не исклучува можност за дополнителни приведувања во овој случај.