Еве која песна и ја посветил Здравко Чолиќ на својата поранешна љубов

од Radmila Tasevska

Легендарниот пејач беше еден од најголемите заводници на сцената. Здравко веќе 23 години е во среќен брак со сопругата Александра со која има две ќерки Уна и Ларуј. Сепак, многу познати дами порано лудуваа по него, а една од нив е актерка, пренесе Стандард лајф.

Имено, Чола ѝ ја посветил песната „Ноќта ми те должи“ (Noć mi te duguje) на својата поранешна љубов. Станува збор за една од најубавите песни што Марина Туцаковиќ ја напишала за Здравко Чолиќ, песна која ја одбележа и неговата кариера.

Песната е посветена на актерката од БиХ, Јасна Орнела Бери, со која Чола бил во врска во 1970-тите. Нивната младешка љубов не траела долго, но тие и денес се во контакт.

Пејачот ретко зборува во јавноста за својата поранешна љубов – актерката Јасна Орнели Бери. Двајцата се заљубиле во Сараево кога биле млади, а деталите од нивната врска своевремено ги открила и самата Јасна.

Слични содржини