Уште едно пукање во САД: Топка влетала во туѓ двор, маж рани мало девојче

од Stefanija Kuzmanovska
123 прегледи

Шестгодишно девојче и нејзините родители се повредени во пукање, до кое дошло кога во нив пукал маж во чиј двор им летнала топка.

Поради тој инцидент, мажот наводно многу се налутил, а очевидци велат дека вооружениот маж истрчал на улица и пукал додека не му снемале куршуми.

Како што објаснија, децата играле кошарка кога топката се стркалала по улицата и завршила во дворот на Роберт Синглетари (24).

Полицијата во округот Гастон, Северна Каролина, вчера објави дека трага по осомничениот кого го опишаа како „вооружен и опасен“.

Куршум го изгребал образот на малото девојче Кинсли Вајт.

„Таа беше пуштена дома откако ја помина ноќта во болница“, изјавија членовите на семејството за Queen City News.

Нејзиниот татко Вилијам Вајт останува во болница.

„Излезе со пиштол и почна да пука. Се надевам дека тато е добро“, изјавила малата Кинсли.

Нејзината мајка Ешли Хилдербранд била застрелана и ѝ била укажана помош на лице место. Таа за VSOC изјавила дека слушнала како напаѓачот им се заканува на сопругот и ќерката со зборовите „Ќе ве убијам“. Потоа ги бркал, пукајќи, додека таткото се обидувал да ја заштити својата ќерка.

Напаѓачот пукал во уште едно лице на улицата, но тоа не е повредено, соопшти полицијата.

Синглетар се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и четири точки од обвинението за обид за убиство од прв степен, две точки за напад со смртоносно оружје со намера да убие, една точка за поседување на огнено оружје.

Тој веќе ѝ е познат на полицијата откако во декември беше уапсен бидејќи ја нападна својата девојка со чекан.

Ова е последно во серијата престрелки во кои жртви се млади луѓе.

Две навивачки од Тексас вчера беа застрелани откако едната влегла во погрешен автомобил по тренингот, мислејќи дека е нејзин.

Слични содржини