Уште помалку од 10 отсто гласачи се неопходни за успешни избори во Штип

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Уште малку време останува до затворање на гласачките места во Штип на денешните локални избори за градоначалник на општината. Но, и процентот на неопходни гласачи за да се исполни законскиот цензус се намалува постојано во текот на целиот гласачки ден. Во последните три часа од гласањето, односно од 16 до 19 часот потребно е да излезат помалку од 10 отсто од избирачите, или во бројка тоа е некаде од 3 000 до 4 000 гласачи, што лесно може да биде исполнето.

Овие локални избори, иако мандатот на градоначалникот ќе биде нецела година, сепак се важни за штипјани затоа што и тие 10 месеци не се малку за да се финализираат неколку започнати проекти од претходниот градоначалник, но и да се започнат нови за кои општината веќе има обезбедено пари. Затоа граѓаните на Штип не треба да ја пропуштат таквата можност и да изгласаат доверба на еден од кандидатите. Со нивната обврска и право да гласаат тие ќе ги легитимираат изборите и ќе овозможат нивната општина да продолжи напред со развојот.

Изборот на нов градоначалник на денешните избори е уште поважен ако се знае дека без поминат цензус од една третина од избирачите, општината ќе остане без градоначалник, со што многу од работите ќе имаат застој, а некои планирани проекти нема ни да започнат. Сето тоа би одело на штета на општината и на секојдневниот живот на граѓаните. Уште ако се земе предвид дека сме во кулминација на пандемијата, а следуваат уште неколку тешки месеци, тогаш сигурно на Штип ќе му биде многу потешко без градоначалник, затоа што овој период носи обврски за почисти општини, редовни дезинфекции во институциите, редовни контроли на терен и уште многу други активности кои би биле поуспешни и позастапени кога општината би имала прв човек.

Одлуката кој ќе ја води општината е во рацете на штипјани, кого тие ќе заокружат на гласачкото ливче, а до 19 часот остануваат нешто повеќе од два часа, доволно време за секој гласач што не излегол до сега да размисли каква и колкава предност ќе има Штип ако денеска избере прв човек на општината.

Слични содржини