(ВИДЕО) Уште три партии се приклучија на опозицискиот блок, ЛП сѐ уште размислува

од desk3

Денеска на здружената опозиција ѝ се приклучија уште три партии, Нова алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец, Обединети пензионери и граѓани на Македонија на Илија Николовски и Партија на економски промени 21. Сите ја потпишаа Декларацијата на граѓани на Македонија и ќе присуствуваат на протестот в недела. Ова го изјави Горан Милевски, претседателот на ЛДП, по средбата на лидерите на здружената опозиција.

timthumb (1)

Целосна поддршка на протестот даде и Либералната партија на Македонија, а претседателот Ивон Величковски побара време за органите на партијата да одлучат дали ќе ѝ се приклучат на здружената опозиција.

Милевски апелираше протестите да бидат мирни и достоинствени. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека има притисоци кон граѓаните и кон автобуските превозници, но и дека се подгрева некоја атмосфера дека протестите ќе бидат насилни за граѓаните да не дојдат. Милевски рече дека тоа нема да успее и потсети дека сите на протестот ќе се појават без партиски обележја, туку само под боите на Макединија.

Извор:МЕТА

Слични содржини