Уште тројца демонстранти осудени на смрт во Техеран

од Destan Jonuzi

Револуционерниот суд на иранската провинција Техеран денеска изрече смртна казна на тројца учесници во масовни демонстрации и немири. Иранската државна новинска агенција Мехр објави дека првиот од учесниците добил казна поради обвинувањата за нарушување на јавниот ред и стабилност во земјата, како и за нанесување штета на луѓе и државен имот.

Од 16 септември во Иран се одржуваат протести поради смртта на 22-годишната Махсе Амини. Таа почина во притвор на иранската полиција за морал. Протестите се одржуваат главно во провинциите Гилан, Кузестан, Систан и Белучистан, Техеран и Ирански Курдистан.

Иранските власти ги обвинуваат западните земји дека ги поддржуваат демонстрантите бидејќи објавуваат субверзивни пораки против Иран во нивните медиуми и повикуваат на соборување на иранските власти, додека „немирите систематски напаѓаат и убиваат членови на иранските безбедносни сили“.

Дела за кои е предвидена смртна казна во Иран се „водење војна против Бога“, корупција и оштетување на јавен имот.

Канцеларијата на Обединети нации за човекови права вчера побара од иранската Влада веднаш да ги ослободи илјадниците приведени демонстранти поради учество во мирни протести.

Додека Германија и Исланд бараат Советот за човекови права да формира специјална мисија за утврдување на фактите, што би била составена од тим независни експерти за човекови права, која би требало да го испита кршењето на човековите права во Иран за време на протестите.

Советот за човекови права составен од претставниците на 47 земји-членки, треба да одржи специјална седница на 24 ноември на која ќе се разговара за ситуацијата во Иран и ќе гласа за предлогот кој вклучува повик за мисија за утврдување факти.

Слични содржини