Усмртен пензионер на патот Гостивар-Кичево

од Nikola Popovski
24 прегледи

Пешак вчеравечер бил усмртен магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за с. Колибари, кичевско.

Од МВР информираат дека автомобил „Рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско синоќа околу 23:15 часот удрил во пешак И.А.(66) од с. Колибари.

Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, велат од полицијата.

Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини