261
На 08.08.2023 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот Р.И.(80) од Скопје и го напуштило местото.
Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.