Националниот џез оркестар соопшти дека одржале успешен концерт на 30 јули во Сплит, кој беше дел од престижниот фестивал „Сплитско лето“. Под ѕвезденото небо, на древниот Перистил, оркестарот, заедно со извонредната Марија Мендеш и под диригентската палка на маестро Владимир Николов, создаде музичко доживување што допре до срцата на сите присутни.
Како што пренесува Далматински портал, концертот „на бројните жители на Сплит им подари музичко доживување во кое се спојуваат страствениот звук на биг бендот и магијата на џезот испреплетена со ноти од фадо“, оставајќи длабок впечаток кај публиката.
-Просторот беше исполнет до последно место и одекнуваше во ритамот на современиот џез, вешто испреплетен со таинствената длабочина на португалското фадо, стои во текстот на хрватскиот медиум.