Успешно се враќаме таму од кај што со маки излеговме, вели Георгиевски за 33 години независност

од Nikola Popovski
918 прегледи

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски по повод 8-ми септември Денот на независноста на својот Фејсбук профил упати честитка. Тој смета дека земјава сака да се врати во поранешна Југославија.

„Честит Денот на независна Македонија!

За оние кои не сакаат да знаат. Отцепувањето беше од Југославија поточно од силната прегратка на Србија.

Но гледам успешно се враќаме таму од кај што со маки излеговме“, напиша Георгиевски.

Пред триесет и три години, на 8 септември 1991 година беше спроведен референдум, на кој над 95 насто од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава, во време кога останатите републики на тогашна Југославија, се соочуваа или веќе беа во војна.

По референдумот, на 17 ноември 91-та беше усвоен Уставот, а следуваше и монетарно осамостојување и воведување на денарот.

Најкритична беше 2001-та година, кога земјата се соочи со внатрешен конфликт. Следуваше потпишување на рамковниот договор. Се случи атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, кој никогаш не беше разјаснет. Во 2004-тата загина претседателот Борис Трајковски на Ротимње, близу Мостар. Од 1990-тата досега се одржаа 7 претседателски и 11 парламентарни избори. Последните избори се случија на 24 април и на 8-ми мај годинава. Гордана Сиљановска-Давкова избрана за прва жена претседател.

Слични содржини