Потенцијална вакцина против коронавирус даде добри резултати во една студија спроведена на резус макаки мајмуни, чиј имунолошки систем е сличен на човекот.
Резултатите од тој тест затоа инспирираат надеж дека оваа вакцина против коронавирус може да ги штити и луѓето, но сè уште нема гаранции за таков исход.

БиБиСи наведува дека група на овие мајмуни биле изложени на вирусот САРС-КоВ-2 за време на тестирањето, а шест од оние кои ја примиле вакцината имале помало присуство на вирусот во нивните бели дробови и дишните патишта и не развиле пневмонија или негативни ефекти на вакцината.
Истражувањето е спроведено во Соединетите Држави, со учество на истражувачи од здравствени институции во таа земја и експерти од Универзитетот во Оксфорд.
Според БиБиСи, во меѓувреме започнало клиничко тестирање на оваа вакцина врз луѓето.