Уставен ја одби иницијативата на Арсовска за ДУП-от за Ѓорче Петров

од Nikola Popovski
24 прегледи

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП-от за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, Скопје од 17 февруари 2024 година.

Судот не ги прифати наводите на подносителката на иницијативата Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје од причина што не најде повреда на законитоста и уставноста на постапката за донесување на оспорената Одлука за ДУП.

-Не се докажа дека со Одлуката е направена повреда на Статутот на Општина Ѓорче Петров, на Законот за локална самоуправа, на Законот за Град Скопје, на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и на членот 52 од Уставот, информираат од Уставен.

Во иницијативата се наведува дека завршната одредба од оспорената одлука за донесување на ДУП во која е уредено дека стапува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен гласник на Општина Ѓорче Петров, е спротивна на уставниот принцип на владеењето на правото и на одредбите од Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Ѓорче Петров од причина што Уставот определува објавување на прописот како услов за влегување во сила. Меѓу другото, се наведува дека оспорената одлука не е објавена на веб-страницата на Општината што ја прави формално-правно невалидна и спротивна на Законот за урбанистичко планирање.

Според подносителот на иницијативата, донесениот ДУП поради непочитување на законската постапка и неприфаќањето на мислењата од стручните лица, како и без позитивно мислење од Град Скопје не е во согласност со ГУП на Град Скопје 2012-2022 при што реализација на истиот може да предизвика еколошка и безбедносна закана за жителите на град Скопје.

Понатаму се наведува дека оспорениот ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров има промена на намена и регулација со што не е во согласност со процедурите и законите и предвидува изградба на 2 проценти повеќе од максимално дозволеното со закон.

Слични содржини