Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица, му порача на Апасиев да покажел поголема култура

Тој често користи несоодветен и некоректен речник квалификувајќи ги постапките на Уставниот суд. Некогаш кога е задоволен од одлуките е во ред, некогаш не е во ред. Моето лично очекување е дека кога станува збор за пратеник, професор, лидер на партија, сепак треба да се покаже една повисока политичка, правна и академска култура. Ова се фактите на кои се темелеше денешната одлука, рече тој.

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: Принтскрин/МИА

законодавната акција, бидејќи тој истовремено е и пратеник. Значи, имал четири години да иницира законодавна акција, да предложи измени и дополнувања на Изборниот законик за тоа како ќе се распределува минутажата што им е одредена со закон. Меѓутоа, тоа не го сторил во изминатите четири години, го сторил во тек на изборниот процес. За јавноста да знае, судот постапува по таа иницијатива. Исходот не можам да го предвидам, рече тој.

Упати апел до подносителот на иницијативата – претседателот на Левица Димитар Апасиев, да покаже поголема политичка, правна и академска култура.

-Сакам да упатам апел бидејќи станува збор за подносител на иницијатива пратеник, професор, треба да покаже поголема и политичка, правна и академска култура. Тој често користи несоодветен и некоректен речник квалификувајќи ги постапките на Уставниот суд. Некогаш кога е задоволен од одлуките е во ред, некогаш не е во ред. Моето лично очекување е дека кога станува збор за пратеник, професор, лидер на партија, сепак треба да се покаже една повисока политичка, правна и академска култура. Ова се фактите на кои се темелеше денешната одлука, рече тој.

Костадиновски нагласи дека негово издвоено мислење е и оти со буџетски пари не треба да се финансира политичка кампања.

-Не само тоа. Што значи критериумот „резултат од претходните избори”? Што значи во период од 4 години може да се појават нови политички субјекти и некои да згаснат, а плурализмот налага фер и еднакви услови за сите. Со спортски термин да кажам, некои политички партии ја почнуваат утакмицата со 3-0 предност, а некои политички субјекти кои се создале во меѓувреме и уживаат поддршка кај граѓаните можеби не добиваат ништо. Тоа е едната страна и лично мое мислење како судија, мој личен став и така ве замолувам да пренесете, рече тој.

Костадиновски смета дека со народни пари премногу се плаќаат политичарите.

-Им се плаќа политичката кампања со буџетски пари, со Законот за финансирање на политички партии откако ќе завршат изборите по број на освоени гласови повторно со буџетски пари се плаќа, тие што се власт, тие што се опозиција земаат плати трипати со буџетски пари и откако ќе заврши мандатот некои функционери имаат право на апанажа, тоа се четири пати. Јас од тој аспект како судија го имам проблематизирано прашањето дали постои легитимна цел, дали е оправдано, дали е нужно?, нагласи Костадиновски.