Уставен: Одложено одлучувањето за помилувањата на Иванов

од Vladimir Zorba

Уставните судии на денешната седница ја одложија точката за одлучување за нацрт-решението за поништувањето на помилувањата кои ги даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

На предлог на судијата Осман Кадриу, со мнозинство гласови, судот одлучи да го одложи одлучувањето по нацрт-решението за одлучување за поништување на помилувањата.

Образложението е дека во Собранието веќе започнала постапка за автентично толкување на членови од Законот за помилување.

Решението со кое се поведува постапка за законите за помилување, како што рече Кадриу, има допирни точки со некои денешни предмети на разгледување од Уставниот суд.

– Судот е известен дека пред парламентот се води постапка за автентично толкување на овие членови од Законот за помилување, рече Кадриу.

И.Р.

Слични содржини