Уставен суд: Кацарска не ја дискриминирала Јанкулоска

од desk2
176 прегледи

Не и е повредено мајчинското право на Гордана Јанкулоска, одлучи Уставниот суд. Екс министерката за внатрешни. се жалела оти судијката Добрила Кацарска во континуитет и ги повредувала уставно загаринтираните права на мајчинство и правото на породилно отсуство. Јанкулоска сметала дека повредите биле предизвикани преку закажување на судски рочишта кога таа била во ризична бременост, но и подоцна, во постпородилна состојба. За сето ова, обезбедила и потврда од Комисијата за заштита од дискриминација, а добила и потврда за претрпено душевно страдање од психијатар. Сепак, со ништо од горенаведеното, Јанкулоска не го разубеди мнозинството судии во Уставниот суд.

Наведеното барање, се сведува на барање Уставниот суд да ја преиспита работата и преземените дејствија на Основниот суд Скопје 1 Скопје, односно Уставниот суд да се стави во улога на инстанционо надлежен суд за оцена на уставноста и законитоста на преземените дејствија и конкретно на претседателот на судечкиот совет, судијата Добрила Кацарска кои според Судот, вака преземените дејствија немаат директен одлучувачки карактер по однос на остваерувањето на основните правата на барателката.“- изјавија од Уставен суд на Република Македонија.

Гордана Јанкулоска, обвинета во случајот „Тенк“ за нелегална набавка на мерцедесот од 600 илјади евра и се судеше во одвоена постапка токму поради бременоста. Обвинета за злоупотреба на службената положба Гордана Јанкулоска и по породувањето се појавуваше на рочишта, но за обврските со бебето, на секое рочиште добиваше пауза од два часа. Во октомври годинава, Јанкулоска за „Тенк“ доби шест години казна затвор. Таа е обвинета и во случајот за изборните нерегуларности Титаник, како и за нелегалното прислушкување во предметот Таргет/Тврдина.