
Уставниот суд на денешната седница го укина членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој се однесува на урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес. Оваа законска одредба предвидуваше дека градба од посебен интерес за која ќе се изработи урбанистичко-планска документација се утврдува со Одлука од страна на Владата на Република Македонија.
Од Уставниот суд во април годинава изразија сомнеж во уставноста на оваа одредба, подвлекувајќи дека проблематично во одредбата е прашањето што е тоа посебен интерес и дали тоа може да значи можност за арбитрарност на Владата.