Преседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска од собранискиот спикер Талат Џафери побара да го заложи својот авторитет и Собранието да избере четири уставни судии во насјкоро време. Кацарска во писмото до Џафери изразува загриженост за состојбата во Уставен бидејќи моменталнно во судот работат само пет уставни судии, наместо девет.
„Ова има влијание при одлучувањето кога често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство. Покрај ова, морам да напоменам дека пред Судот треба да се разгледуваат предмети кои се од врвен интерес за државата, а за кои е потребно да се одлучува во полн состав со што одлуките би имале поголема тежина“, рече Добрила Кацарска, претседателка на Уставен суд.
Џафери одговори на писмото и рече дека поради опструкции во работата на Комисијата за избори и именувања, не може да се предложат судии.
„Предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието и во моментов Собранието не може да избере Уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд“, велаат од собрание.
Опозицијата ја блокираше работата уште при обидит да се изгласа дневниот ред. А по изборот на Ксотадин Косадинов за градоначалник комсијата нема ни претседател, додека пак со престројувањето на Беса во опзициските редобви, мнозинството зависи од пратеникот на Фадил Зендели. Измиантиов период Џафери и мнозинството инсистира на прераспределба на комсииите во Собранието, во опозицијата тоа засега не е приоритет.
Уставниот суд од годинава работи само со пет судии од вкупно девет судии откако во јануари истече мандатот на еден од уставните судии.