Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) апелира Уставниот суд да го поддржи договореното помеѓу социјалните партнери – недела да биде неработен ден за најголем број на работници освен за дејностите кои социјалните партнери ги определија како исклучоци поради неопходноста од континуирано одвивање на одредени производни процеси.
-Уставниот суд е должен да ја темели својата одлука на националните закони и меѓународните трудови стандарди кои се дел од националното законодавство , како и да води грижа за рамноправна положба на работниците и граѓаните во државата без дискриминација и со целоснопочитување на човековите права, велат од ССМ.
Потсетуваат дека и рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи Законот за измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кој се уреди правото недела да биде неработен ден да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден, а очекуваат ваквиот реферат, овој пат да биде поддржан едногласно од сите уставни судии имајќи во предвид дека претходниот пат одлуката не беше донесена поради потребниот кворум, но 4 уставни судии го поддржаа рефератот.
-Положбата на работниците се уредува по пат на социјален дијалог на сите чинители во општеството , со закони и колективни договори кои имаат за целконтинуирано унапредување на работничките права . Во никој случај правата од работен однос во демократските држави не смее и не може да се креираат само врз основа на вољата и барањата на оние работодавачи кои семотивирани само од својата желба за поголем профит , без притоа да се води грижа за остварување наработничките и човековитеправа.
-Поради сето ова го повикуваме Уставниот суд да не ја прифати иницијативата на Стопанската комора како спротивна на Уставот и да ги остави на сила одредбите од законските решенија со кои недела е неработен ден за најголем број на работници и на тој начин да придонесе за зацврстување на правниот поредок и правната сигурност на работниците и граѓаните во државата, соопштија од ССМ.