Уставниот суд го замрзна покачувањето за 30 отсто на платите во Министерство за финансии

од Nikola Popovski
277 прегледи

Уставниот суд на седница поведе постапка за оценување на уставноста на членот 66 став 3 и став 4 од Законот за буџети.

Ова значи дека во оваа фаза, судот изразува сомнеж во уставноста на сегашното посебно правило со кое се исплаќаат 30% како надополнување на основната плата на вработените во Министерството за финансии, и на органите во неговиот состав.

Судот на седницата донесе времена мерка да се запре надополнување на плата во износ од 30% на конкретните вработени. Уставниот суд во понатамошната фаза ќе донесе конечна одлука дали ќе го укине или ќе го поништи оспорениот член од Законот за буџети.

Вработените во Министерството за финансии веќе излегоа на мирен протест пред зградата во која работат, во знак на револт поради поништувањето на одлуката за зголемување на јануарските плати за 30 отсто, од страна на министерот Фатмир Бесими.

Од УПОЗ ги повикаа членовите на Синдикатот на УПОЗ од Министерството за финансии и сите вработени во Министерството за финансии да се обратат до Синдикатот на УПОЗ и да добијат бесплатна правна помош за остварување на правото за зголемување на плата.

Одлуката на Бесими да ги зголеми платите само во неговото министерство претходно предизвика револт во останатите државни институции.

Слични содржини