Уставниот суд на Северна Македонија денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на забраната за влез во одредени објекти за граѓани кои немаат ковид-сертификатите.
Владата кон средината на август минатата година, за да го спречи ширењето на коронавирусот, воведе обврска да се поседува сертификат за вакцинација или прележаност за влез во трговски центри, кафулиња, ресторани или ноќни клубови, како и секакви прослави, концерти, семинари, конференции, културни и спортски настани.
Подносителот на иницијативата за оценување на уставноста на таа одлука, Николче Маручевски, изјавил, како што пренесуваат медиумите, дека е спорна владината одлука за ковид-сертификатите за полнолетни граѓани бидејќи го ограничува движењето на оние кои немаат ниту еден од потребните потврди поврани со Ковид-19.
Како што е истакнато во иницијативата, Уставот гарантира дека сите се еднакви во своите права и слободи и слободно движење на територијата на целата држава, а одлуката на Владата го дерогира тоа право за невакцинираните граѓани.
Сепак, судијката Вангелина Маркудова вели дека наводите во таа иницијатива се неосновани, бидејќи одлуката на властите да го признаат сертификатот за Ковид е разумна, дека е донесена за општо добро за време на пандемијата и врз основа на препораките на Светската здравствена организација.